#еРадио

Моментално слушате:

Вечерва од 22:00 до 01:00 ќе слушаме DnB во живо со Nultabyte и LadyC (@alwaysLadYCrOfT).


Да се објасниме.

  1. еРадио е веб страна каде што можете да слушате радио. Абе ајде.. :) Наменета за сите мањаци што си седат на интернет, со цел да се убие монотонија. На еРадио можат да се начекаат песни кои што никогаш не сте ги слушнале во животот, сте ги преслушале во животот или пак сте ги заборавиле тотално.
  2. Супер е тоа што чудото трае 3 дена, еРадио нема никаква намена да биде трендинг, шема, спам портал и ред други фенси зборови ниту пак да биде досадно 24/7. еРадио содржи експлицитни содржини, така да, доколку сте -18 пуштете го радиото во присуство на родители. Моментално на радиото има опфатено неколку типови на музика како на пример: метал, рап, електронска музика. Со текот на времето ќе се додаваат и прават различи распореди и плејлисти од повеќе жанрови на музика. На еРадио нема никогаш да се пушта шабанска музика!!!
  3. еРадио не е бесплатно! За една реклама на еРадио е потребно да се плати негде околу 2-3 пива, доколку рекламираме евент, блог, веб страна, битна информација и слично. Доколку сте заинтересирани за соработка со еРадио, се разбира можете да не исконтактирате, доколку сакате да објавите брак на радио, ве замолувам да не не контактирате. Доколку сакате само да посветите песна на некој, едноставно е, напишете ја со хаштаг #еРадио и вашата желба ќе биде исполнета.
  4. На еРадио ќе идат емисии во живо, во потрага сме по студио/просторија каде што ќе може да се сетираме со опрема и сето тоа да го изведеме. Во еРадио ќе може да гостува тој што ќе изрази желба, ќе гостуваат луѓе кои што се бават со музичка продукција, разни изведувачи и други конзументи на музика како и обични смртници ;)
  5. Квалитетот и изборот на музиката зависи од повеќе фактори, највеќе од повеќе луѓе кој што прават избор на музиката. Доколку сте заинтересирани да помогнете околу музиката односно доколку имате плочи кој што ви фаќаат прашина на хард дискот, цд за во кола кое што си го преслушувате и ве прави среќни, песни кои што ви текнуваат на пијана забава да ги пуштите од youtube и сакате истите да се вртат на радио, би сакал да се договориме и да ве вклучиме во виновник за квалитетот на радиото.
  6. Веб страната на еРадио е во активна надоградба, затоа ве замолувам за трпение. Кога ќе се реализира целокупната замисла, ќе се дообјасниме со вашите забелешки. До тогаш, stay Tuned.
Connection refused (111)

Слушајте радио

Известувања

На Точак